Safe Steps е служба во Викторија за помош при криза поради семејно насилство, која работи 24 часа дневно, седум дена во неделата.
Таа е телефонска служба.
На нашата телефонска линија за помош во кризни ситуации одговараат високо обучени, искусни и сочувствителни специјалисти за кризни ситуации поради семејно насилство.
Кога работи Safe Steps?
Safe Steps работи 24 часа во денот, секој ден во годината.
Можете да нѝ се јавите било дење или ноќе на 1800 015 188.
Кој може да се јави на Safe Steps?
Секое лице кое е загрижено за неговата/нејзината безбедност дома – или за безбедноста на некој друг – може да се јави на Safe Steps.
Safe Steps им нуди поддршка на лица од било која возраст, пол, родова определба, способност или доселенички статус.
Што може Safe Steps да направи за мене?
Нудиме информации и поддршка во случаи на семејно насилство, планирање на безбедноста и проценка на ризици, како и сместување во случај на криза.
Можеме да понудиме финансиска и материјална помош, безбедност за домашни галеничиња и застапување во суд, како и поддршка за лица со попреченост преку нашата Иницијатива за реагирање во кризни ситуации поради семејно насилство врз лица со попреченост (Disability Family Violence Crisis Response Initiative).
Што ќе се случи кога ќе се јавам на Safe Steps?
Прво ќе слушнете кратка, снимена порака со која се објаснува следното:
- сите повици се снимаат
- ако сте во непосредна опасност, ве молиме јавете се на Три нули (000)
- на овој повик ќе одговори специјалист за кризни ситуации поради семејно насилство
- како да добиете преведувач при овој повик.
После тоа, на вашиот повик ќе одговори специјалист за кризни ситуации поради семејно насилство.
Исто така може да изберете да оставите говорна порака и ние ќе ви се јавиме.
Исто така, може да користите веб-разговор (web chat) за да разговарате преку текстуални пораки со специјалист за кризни ситуации поради семејно насилство. Проверете на нашата веб-страница Safesteps.org.au
Нашата телефонска линија за помош во кризни ситуации може да биде зафатена, но ве молиме знајте дека ќе одговориме на вашиот повик.
Ми треба преведувач
Може да се јавите на нашата телефонска линија за помош во кризни ситуации на 1800 015 188 или да нѝ испратите имејл на safesteps@safesteps.org.au или да нѝ испратите порака на веб-разговор Safesteps.org.au. Треба да знаеме:
- кој е вашиот јазик
- телефонскиот број на кој може да контактираме со вас
- кога е безбедно да ви се јавиме.
Ве молиме, јавете се на Три нули (000) ако сте во непосредна опасност